Тројца починати и 16 новозаразени од КОВИД-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 мај 2020
koronam1q.jpgНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од коронавирус почина пациентка од Велес (78 години), хоспитализирана на 14 мај. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Тетово (84 години), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76 години) примена на 19 мај, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на КОВИД-19, и тоа во Скопје 9, во Штип 5, и по еден во Струга и Гостивар. Оздравени за изминатите 24 часа има 14 пациенти, тројца во Скопје и 11 во Тетово.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 2.014, од кои оздравени се 1.453, починати се 116, а во моментов активни се 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на коронавирус.

„Во однос на вкупниот број заболени, воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во Геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг“, велат од Министерството.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive