Препорачано укинување на полицискоит час,се отвораат PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 мај 2020
korona3q.jpgКомисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на копнените граници од 1 јуни, отворање на угостителските објекти, но само летните бавчи со одржување дистанца, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Комисијата.

„Досега системот ги штитеше граѓаните и добро го заштити здравјето на граѓаните. Функционира системот за тестирање и се ослободи системот за правење скрининг. Не се преполнија инфективните одделенија и интензивната нега, има уште слободни места. Немаше потреба од пренамена на големи објекти за карантин. Отсега секој поединец ќе треба сам да се штити со лична одговорност“, вели изворот, кој не е овластен да дава официјални изјави.

Комисијата за заразни болести утринава одлучи за препораките, а конечната одлука треба да ја донесе Владата на првата наредна седница, која сè уште не е закажана. Членовите на комисијата инсистирале да влезе во записникот дека препораките за олеснување на мерките се донесени бидејќи мерките не се почитувале и давале примери како во одредени општини работеле и кафани и се играло кошарка во полициски час, а полицијата не реагирала.

На состанокот на Комисијата присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Последни измени ( вторник, 26 мај 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive