Се' повеќе прекршители на забраната за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 мај 2020
stefd1.jpgВо текот на изминатото деноноќие (25/26..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, седумнаесет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-10, Струга-7).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се регистрирани  нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 64 контроли врз лица во изолација, четири контрола врз лицата во самоизолација.


На 25.05.2020 година околу 18 часот и 30 минути, на улицата „130 во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување помеѓу О.А.(39) и О.А.(40), двајцата од Охрид. Против нив, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.



На 25.05.2020 година, Џ.Н.(41) од струшкото село Лабуништа, во полициска станица пријави дека околу 19.45 часот, неговата мајка Н.Н. во селото била нападната од куче домашен миленик-сопственост на жител на селото. Притоа, таа се здобила со повреди по телото. ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ , ОВР Дебар, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(20) од Дебар. При извршена контрола на 11.05.2020 година во 22.40 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата .,,Џавит Уштеленца“ во Дебар, кој немал дозвола за движење издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час. Пријавениот е приведен поради непочитување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 19 до 05 часот.

ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Скопје и против правното лице „Блуинвест“ со седиште во Струга, за сторенo казнено дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година, на локација во струшкото село Мислешево,   без соодветно одобрение за таква градба, започнала со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое, на  инвеститорот  му се наложува, да се  прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според  претходно издаденото одобрение .

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(42) од Кичево. При контрола извршена на 19.05.2020 година во 20 часот на улица “Mаршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот при управување патнички автомобил „Опел Астра“. Притоа, констатирале дека пријавениот нема дозвола од надлежен орган и не ја почитува мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од  19 часот на 19.05.2020 година до 05 часот, следниот ден.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive