Осум лица не ја почитувале забраната за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 25 мај 2020
stefd1.jpgВо текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-1, Кичево-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани  нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1)  и 36  контроли на угостителски и други  објекти.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело   „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.З.(50) од Кичево. Тој, на 18.05.2020 година во  19,20 часот бил затекнат  на улицата “Борис Кидрич“, во Кичево, пришто, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење и не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час  од  19  часот на 18.05.2020 година до  05 часот, следниот ден.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д.(58) и Х.Д.(18), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 28.04.2020 година околу 17,30 часот, биле затекнати на улицата  ,Андреа Јованоски“  во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.А.(23) од Дебар. При извршена контрола на 11.05.2020 година во 22.45 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата  ,,Џавит Уштеленца“ во Дебар. Притоа, констатирале дека тој, нема дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган во периодот од 19 до 05 часот.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive