Честитки од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 24 мај 2020

nadenot1q.jpg-Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.Со своето дело тие им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.

-Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, тие го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.  

Темелот  кои тие  го составија  е создавањето на првата азбука – глаголицата. Од неа подоцна нивните  следбеници, предводени од Свети Климент Охридски,кој живеел и творел овде во Охрид и неговата околина  ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо,процес заокружен со непроценливиот труд на Блаже Конески.

Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, сесловенските просветители  Кирил и Методиј денес се слават ширум светот и веќе се дел од европското културно и духовно наследство.

Честитајќи ви го денот соопштуваме дека денеска во Градскиот парк делегација на ОО СДСМ Охрид предводена од претседателот  и  кандидат за пратеник Лазе Таневски, актуелната пратеничка и кандидат за пратеник во идниот македонски парламент Жаклина Лазаревска, придружувани од претставници на ЛК на СДММ се поклонија и положија свежо цвеќе на споменикот на првоучителите Св. Кирил и Св. Методиј,се вели во соопштението на СДСМ-Охрид.  

 

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ:

 

 

-ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитка по повод 24 Мај - Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

nadenot2q.jpg

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература. Тие се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.

Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација за кои тие се залагаа и денес се основни универзални и европски човечки вредности.

Нивната мисија е најдобро изразена преку просветителскиот континуитет на учениците, големите дејци свети Климент и свети Наум.

Светите браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Светот, Европа и Македонија.

Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да ги негуваме и чуваме македонскиот јазик, македонската традиција и македонскиот идентитет.

Нека е вечен нивниот спомен и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!

 

Со почит,                  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

 

Последни измени ( недела, 24 мај 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive