Честитка од Георгиески по повод светите Кирил и Методи PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 24 мај 2020
kostacest1q.jpgПо повод 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Константин Георгиески, упати празнична честитка.

– Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Секое одбележување на денот на сесловенските просветители одново ја потенцира симболиката во пораките кои тие ги испраќале од нашиот свет Град. Нивното дело нè обврзува  да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура.

Сите ние, треба достојно да ја почитуваме нивната жртва, но и да го продолжиме нивниот аманет во борбата за сопствениот јазик, бидејќи нивното дело никогаш не згасна, одолжувајќи преку работата на Светите Климент и Наум и преку работата на Климентовиот универзитет од каде произлегле илјадници ученици кои токму од Охрид, ја продолжиле мисијата за ширење на сесловенската писменост, стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive