Во Охрид шест активни лица со КОВИД-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 23 мај 2020
centarzazdravje1wd.jpgВо интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, за состојбата со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

 

За период од 16 до 22 мај 2020 г.

 

-          Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 28 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 22 лица, во општина Струга и Вевчани 6 лица а во општина Дебар и Центар Жупа не е тестирано ниту едно лице бидејќи никој не покажал симптоми на COVID-19

-          Од вкупно земените материјали, 18 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 16, Струга и Вевчани 2), а 10 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 6, Струга и Вевчани 4)

-          Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 4 лица, a од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19.

-          Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 84 лица, во Струга се 13 лица

-          Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 5.

-          Во Охрид има 2 пациенти на домашно лекување и 2 хоспитализиран, а во Струга 3 пациенти се на домашно лекување и 1 хоспитализиран.

-          Оздравени пациенти има 2 од општина Струга.

-          Во овој период починато е 1 лице од општина Струга.

 

 

 

 

Од почетокот на епидемијата до денес, 23 мај 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 142 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 21 лице во општина Охрид и Дебрца, 71 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 51, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 15, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

 

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

Последни измени ( сабота, 23 мај 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive