Од недела во 11 ч. до вторник до 5 часот ќе трае... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 мај 2020
vlada1ee.jpgОд 11 часот в недела до 5 часот во вторник ќе трае полицискиот час за претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот“, велат од Владата.

Утре забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот.

Комисијата за заразни болести  во средата достави предлог до Владата полицискиот час викендов да трае од сабота во 19 часот до вторник наутро. Ваквиот предлог на Комисијата, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, произлегува од новиот број дијагностицирани пациенти со КОВИД-19, кои се јавиле поради непочитување на мерките да нема собири и групирање.

Премиерот Оливер Спасовски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали има притисок врз Владата во врска со донесувањето на одлука за продолжен полициски час за престојниот викенд, кажа дека нема никој посилен од државата, ни функционер, ни верски лидер, ни институција.

Во изминативе 24 часа имаше уште 23 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 4, Прилеп – 2 и Неготино – 1, а почина 47-годишен тетовец со хронични заболувања. Со тоа, вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 1.921 лице, од кои оздравени се 1.387, починати се 112, а активни се 422.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive