Црвен крст организира голема крводарителска акција PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 мај 2020

matu1w.jpgВо време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.

-За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира голема крводарителска акција под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ“ која ќе се реализира на 27.05.2020 (среда) во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 14:00 ч.

Во периодот на месец мај,  во кој сеуште се соочуваме со епидемија од COVID-19, поради што и не постојат услови за одржување на традиционалниот јавен матурски танц и организирање на матурските прослави и свечености,  Црвен крст Охрид и Општина Охрид создаваат услови и можност нашите охридски матуранти да ја прослават својата матура и го „танцуваат“ ОХРИДСКИОТ МАТУРСКИ „КВАДРИЛ“ НА ХУМАНОСТА  дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

Ги покануваме овогодинешните матуранти, но и вработените во општина Охрид и јавните претпријатија и сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.

Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive