Нови 23 случаи со КОВИД-19,почина тетовчанец PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 мај 2020
koronam1q.jpgВо Градската општа болница „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на коронавирус, а потврден позитивен денеска, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Дваесет и три нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 702 тестови се регистрирани во изминатите 24 часа.

Новозаболените се од следните градови : Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 4, Прилеп – 2 и Неготино – 1.

Со тоа, вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 1.921, од кои оздравени се 1.387, починати се 112, а активни се 422.

Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку Центарот за јавно здравје Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти : Скопје 3, – Прилеп 1, Струга 1, Велес 3 и Кочани 1

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive