Се урна пакистански "ербас A320" со 99 патници PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 мај 2020
pakistanski1.jpgАвион на Пакистанскиот национален авиопревозник (ПИА) се урна во близина на аеродромот во Карачи, објавија државните медиуми. Официјални лица потврдија дека во авионот „ербас А320“ имало 99 патници и осум членови на екипажот и дека тој паднал во населена област. Снимките од местото на несреќата покажуваат густ црн чад.

„Авион на ПИА кој летал на релацијата Лахоре-Карачи се урна непосредно пред слетувањето на аеродромот во Карачи“, објави Радио Пакистан.

Локалните медиуми објавија дека авионот паднал во густо населена област и дека има оштетени куќи, додека пакистанската војска веднаш испрати свои сили на местото на несреќата. Засега не е познато дали има преживеани.

Ова е четврта авионска несреќа во Пакистан во последните десет години, а најтешка беше онаа во 2010 година, кога загинаа 152 луѓе.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive