ВМРО-ДПМНЕ:Очајнички обиди на власта на ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 мај 2020
zgrada12q.jpg-СДСМ и Жаклина Лазаревска директно удираат со главата во ѕид за одржување на избори. Или Лазаревска не следи што се случува, или е со главата во песок. Зоран Заев и Лазаревска повеќе не се фактор да уценуваат и да си играат со здравјето и чувствата на граѓаните,стои на почетокот од  соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во врска со прес-конференцијата на пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ

-Желбата на Лазе Танески и Лазаревска е да загубат со помала разлика и да се надеваат на чудо.На хероите, здравствените работници треба да им се честита, но да им се честита затоа што голораки се борат за спасување на што повеќе животи.

 

Дали ќе сносат одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања?

Исто како Заев, својот политички ментор за лаги, одат спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија.

Ако Лазаревска веќе сака да прави споредби, нека каже дека земјите од соседството кои ги споменува, имаат едноцифрена бројка на новозаболени, а ние вчера имавме 40.

Тоа е она од што се плаши Христијан Мицкоски, а вие само се плашите од изборниот резултат. Но, тој ќе се случи, дали на 21, 28 или подоцна – катастрофален ќе е за вас и вие за тоа сте свесни…затоа ви се брза.

Знаете дека технички е невозможно да се стигне да имаме избори на 21 јуни или 28 јуни.

Најчудно во целава фарса е што СДСМ се повикува на законите, истата таа СДСМ која го изгази Уставот.

И кога се бара консензус какво е тоа дрско и безобразно однесување или на 21 јуни избори или не се договараме?

Ова ли е демократијата што ја ветувавте?

Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако сѐ уште има карантин и полициски час?

Лазаревска нека не се грижи за ВМРО-ДПМНЕ, туку нека се грижи за казната од граѓаните за тоа што им го ветуваше на охриѓани, а не го оствари.

Очигледно брзањето на Лазаревска е од желбата за пратеничкото столче, а не за ветувањата дадени кон охриѓани.

Очајнички се обидите на власта во заминување и Заев да жртвуваат човечки животи, за да си ја продолжат партиската кариера.

За ВМРО-ДПМНЕ основна цел е здравјето на граѓаните.

И порачуваме на Лазаревска дека ќе се оди на избори кога ќе се исполнат условите на првата лидерска средба предложени од Мицкоски, а беа прифатени.

Гласањето е неопходно и тоа ќе се случи.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори и ќе победи убедливо.

Тогаш ќе сфатите дека ИМА ЗОШТО народот да ве испрати во историјата, се наведува на крајот од  соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК во  Охрид.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive