Малкумина жители на Стокхолм развиле антитела на ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 мај 2020
ziteli1e.jpgСамо 7,3% од жителите на Стокхолм развиле антитела за КОВИД-19, покажа истражувањето на Агенцијата за јавно здравство, што ги зголеми грижите дека опуштениот пристап на Шведска кон коронавирусот не го гради групниот имунитет како што се очекуваше. Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека овие бројките се помали од она што се очекуваше, но додаде дека тие ја одразуваат ситуацијата од пред неколку недели, верувајќи дека досега, околу 20% жители на Стокхолм го фатиле вирусот.

Агенцијата за јавно здравство досега предвидуваше дека 25% од жителите ќе бидат заразени до 1 мај.

„Групниот имунитет е опасен и нереалистичен пристап. Мислам дека уште сме далеку од него, ако некогаш и го постигнеме“, изјави Бјерн Олсен, професор по инфектологија на универзитетот во Упсала.

Минатиот месец, официјални лица проценија дека една третина од населението на Стокхолм ќе развие антитела за коронавирус до почетокот на мај, заклучувајќи дека до средина на јуни ова ќе порасне на 40-60%.

Потпирајќи се на тоа дека населението ќе се однесува одговорно, Шведска само ги затвори училиштата за децата над 16 години и забрани собири со повеќе од 50 луѓе, а сите други мерки беа препораки, а не наредби.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive