Езерото само се исчисти од поленовата покривка PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 мај 2020
pokrivka1ww.jpgОхридското Eзеро само се исчисти од поленот кој пред два дена го покри делот кај градското пристаниште. Ветрот и брановите го отстранија слојот од полен кој паѓаше од зимзелените дрвја и од брезите во близина на брегот,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Покривката од полен предизвика вознемиреност кај екологистите и граѓаните, бидејќи не се знаеше од што настана и сметаа дека станува збор за уште еден еколошки инцидент, но набргу нуркачот Никола Паскали кажа дека станува збор за полен што го испуштаат зимзелените дрвја и брезите.

„Ние зедовме примероци на површинската вода од овој дел на брегот, како и од други делови на Езерото. Во тек се редовни анализи на површинската вода. А резултатите ќе бидат готови на средината на идната недела“, ни изјави Сашко Точко, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

 Екологистите се надеваат дека поленовата покривка не влијаеше врз живиот свет во Езерото.

Последни измени ( четврток, 21 мај 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive