Три лица не ја почитувале забраната... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 мај 2020
stefd1.jpgВо текот на изминатото деноноќие (20/21.2020), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 29 контроли врз лица во изолација, 15 контрола врз лицата во самоизолација и 69 контроли на угостителски и други објекти.

На 20.05.2020 во 18.10 часот на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување од М.Ц.(47) кон Л.Ј,Б.Ј.,Н.Ц и А.Ц., сите од Кичево. Нарушителот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2020 во Полициската станица Кичево, Д.С.(60) од истиот град пријавил дека на улица „Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник на десната надлактица.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(39) од кичевското село Другово. Тој, на 11.05.2020 година во 21,15 часот бил затекнат на регионалниот пат Македонски брод-Кичево, при управување на моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки. Полициските службеници констатирале дека тој нема соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење и не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час со цел спречување на ширење на заразната болест КOVID -19.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин Т.С.(20), за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој, на 12.12.2019 година, преку граничниот премин „Ќафасан“ остварил влез во РСМ и при контрола, полициските службеници, под ранец оставен на седиштето, пронашле кеса со опојна дрога марихуана.  

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive