Лазареска:Ќе ја победиме короната и ќе има...(видео) PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 мај 2020

zaki200.jpg-Над два месеци нашата земја како и сите останати низ светот се бори со невидливиот непријател Ковид -19. 

Пандемијата на сите до еден ни го диктира животот. Од средината на март постојано  се алармира дека короната може да совлада секого. Заразата со Ковид – 19 не го одмина ниту Охрид, но за среќа епидемиолошката слика е под контрола.рече на почетокот од денешниот прес пратеничката од СДСМ Жаклина Лазареска 

-Ако  се бараат хероите на ова време  - повеќе од јасно е дека  тоа се  здравствените работници кои беа и се’ уште се на првата борбена линија. За што треба да им се честита.

Почитувани, треба да сфатиме дека враќањето во нормала на животот и победата над пандемијата зависат од нас и од нашето однесување.

Но животот оди натаму. Короната индиректно ги нападна стопанството и економијата  а со  тоа удри по  стандардот на секој од нас. 

Претходно, во нашата земја прекинаа  дејствијата за изборите закажани на 12  април, до отстранување  на вонредните мерки. Не му  се израдуваме и не го прославивме нашето членство во НАТО како и позитивниот извештај на ЕУ и зеленото светло за добивање датум за почеток на преговори. Парламентот не е свикан а техничката Влада со Уредби ги решава  напластените проблеми. Експертите се изјаснија дека на земјата и треба политичка одговорна власт, а не техничка Влада која  го нема целиот капацитет.   Згора на тоа опозициската ВМРО ДПМНЕ  која постојано бараше избори сега бега од соочување со граѓаните и бара тие да се случат за месец два подоцна  - криејќи се наводно под  плаштот на грижата за здравјето граѓаните и стравот од Ковид – 19.

Мицковски и врхушката на партијата со денови ја критикуваа Владата и СДСМ  дека не прави ништо да им помогне на граѓаните и економијата а  кога надлежните министерства предложија дури три сета мерки за помош на сите погодени од короната, опозиционерите трубат очајно дека тоа било можен поткуп на гласачите затоа треба да се почека со изборите. Народски кажано Мицкоски и неговите ниту се водат ниту се тераат, останаа заглавени во минатото и уште чекаат инструкции од лидерот во сенка кој ужива во Будимпешта.  

Почитувани, 

 СДСМ е одговорна партија, ние сакаме консензус за важни прашања како што се изборите.  Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни.  Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена после завршувањето на вонредната состојба.

Верувајте, ние најмногу сакаме да дојдеме до консензус. И до сега правевме се и ќе продолжиме и натаму да вложуваме максимум за заеднички договор. Не е добро ни за ДПМНЕ, ни за нас, ни за државата да нема консензус по вакви прашања. Но, ако сепак ДПМНЕ инсистира да нема датум за избори, тогаш по сила на закон изборните рокови го проектираат 21 јуни како изборен ден, тука веќе работите не зависат од нас туку од законите.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive