Ретка сина пчела повторно откриена на Флорида PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 17 мај 2020
retkas1.jpgИсклучително ретка сина пчела, за која се веруваше дека е исчезната, повторно е откриена после четири години од истражувачите од Природонаучниот музеј на Флорида.

Инсектот познат под името сина каламинта пчела е ендемски вид за гребенот Лејк Риџ во Флорида и се движи на територија од само 25 квадратни километри.

„Бев подготвен на тоа дека веќе никогаш нема да ја видиме оваа пчела и затоа сега сум многу возбуден“, изјави ентомологот Чејс Кимел.

Освен по бојата, таа се карактеризира и по уникатен начин на собирање полен.

„Ја забележавме сјајно сината пчела како фаќа цвет и ја трие главата од неговиот горен дел два-три пати пред да летне на друг цвет. Тоа е единствено однесување во светот на пчелите. Иако докажавме дека и натаму постои, сѐ уште малку се знае за нејзините однесување и биологија“, додаде Кимел.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive