Шефот на Твитер донира милијарда долари за борба... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 април 2020
shef1t.jpgОсновачот и извршен директор на Твитер Џек Дорси објави дека ќе донира една милијарда долари за да ги поддржи глобалните напори на справување со коронавирусот. Тоа е најголемата поединечна донација за оваа цел досега и според Дорси, изнесува 28% од неговото вкупно богатство.

„Откако ќе ја победиме пандемијата на КОВИД-19, фондовите ќе бидат пренаменети за други универзални цели“, напиша Дорси на Твитер.

За да биде сѐ транспарентно, Дорси кажа дека сите негови и други донации ќе можат јавно да се следат преку Google Sheet.

И други технолошки милијардери имаат донирано за борбата против пандемијата, но далеку помали суми: Бил Гејтс, Мајкл Дел и Џеф Безос по 100 милиони, а Марк Закерберг 30 милиони долари.

Свој паричен придонес имаат дадено и голем број славни личности, како Лео Меси, Кристијано Роналдо, Пинк, Ријана, Доли Партон, Џастин Тимберлејк и Опра Винфри, која кажа дека ќе донира 10 милиони долари.

Низа светски познати компании и модни брендови се вклучија на поинаков начин, произведувајќи и донирајќи заштитни маски, респиратори и дезинфициенси.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive