Трамп поради КОВИД-19 загуби милијарда долари PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 април 2020
internacio1.jpgБогатството на Доналд Трамп се намалило за една милијарда долари во изминатиот месец откако пандемијата на коронавирусот затвори деловни и трговски центри, хотели и голф терени што се во негова сопственост.

Во годишниот извештај на „Форбс“ се вели дека богатството на Трамп на 1 март изнесувало 3,1 милијарда долари, а на 18 март, кога берзите беа во најголема паника поради пандемијата, паднало на 2,1 милијарда.

Според „Вашингтон пост“, организацијата „Трамп“ затворила 17 свои поседи низ светот, а останатите работат со намален капацитет.

Актуелната глобална криза довела до тоа 267 луѓе да го изгубат својот милијардерски статус. Моментално, на светот има 2.095 милијардери (во долари), а рекордни 1.062 од нив имале загуба во споредба со лани.

Меѓу новите членови на друштвото е Ерик Јуан, кој ја создаде апликацијата за видеоконференции Зум, чија популарност нагло порасна откако голем дел од светот отиде во карантин.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive