Пациентите кои примаат антибиотик и антималарик имаат PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 07 април 2020
antibiotik2w.jpgНа Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 67 пациенти, шест се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика. Има влошување на состојбата на родилката од Куманово. Таа е респираторно независна, но со потешка клиничка слика на белите дробови, рече министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Филипче кажа дека терапијата со комбинирана употреба на антибиотик и антималарик, кај оние пациенти кај кои се дава, се покажува дека имаат континуирано стабилна клиничка слика.

Тој рече и дека е изготвен протоколот со Институтот за трансфузиологија за лекување со крвна плазма од оздравените пациенти, но се чека официјално да помине процедурата во Агенцијата за лекови, како и дека многу внимателно ќе се пристапи со оваа терапија.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 599 лица, од кои 30 се излечени, а 26 починати.

 

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје има 19 пациенти со короонавирус, тројца се на респираторна машина, а деветмина се со потешка клиничка слика. Во Битолската болница се донесени сите пациенти со КОВИД-19 кои беа сместени во Охридската болница, и таа отсега ќе биде регионална болница. Во Штип има четворица пациенти, еден е со средно-тешка клиничка слика, а тројца се со лесна клиничка слика.

На Клиниката за дигестивна хирургија, еден од среднотехничкиот персонал пријавил дека има заболени во семејството, но со сѐ уште непотврден статус за коронавирус. Утре ќе се тестираат сите луѓе кои биле во контакт со него на работно место. Сите се во самоизолација и согласно резулатите ќе се постапи со неговите колеги.

Министерот кажа дека тестовите не се никаков проблем нити закана во овој процес, и дека 4.000 тестови има на располагање во Институтот за јавно здравје, 5.000 се донација од приватна лабораторија, и се чека донација од дополнително и 3.000, како и уште друга голема количина од донација.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive