Соопштение од Кризниот штаб на Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 07 април 2020
krizens1.jpgОд денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:
  • Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната електронска адреса Оваа e-mail е заштитена од спам, ви треба вклучен JavaScript за преглед на пораката најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.
  • Се упатува известување до сите аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса Оваа e-mail е заштитена од спам, ви треба вклучен JavaScript за преглед на пораката најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст и СВР Охрид.
  • Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки кои работата на територијата на Општина Охрид да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите кои се наоѓаат пред објектите на банките.
  • Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.
  • Се упатува известување до сите граѓани на Охрид кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на Полицискиот час за време на викендот да испратат барање до СВР Охрид до утре (среда) до 12 ч
  • Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно, со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.

БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive