Мобилни тимови на Црвен крст опслужија 40 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 03 април 2020
-solidarnost1.jpgИмајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот Ковид 19, охридскиот Црвен крст во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст, во текот на изминатите две недели опслужи 40 домаќинства (некои домаќинства и во повеќе наврати) со набавка на потребни намирници, лекарства и слични потреби.
Исто така на 120 социјално загрозени семејства им беа доделени хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.

Опремен со соодветна заштита, тимот се упатува на локацијата по претходен повик, по што се врши набавката и се доставува на домашна адреса. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Освен за набавка на намирници за домашни потреби, се врши и набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи како што се на пример уплати во банка или плаќање на сметки.

Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:.објави на својата ФБ страна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

046 261 909
070 315 309
13 112

За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на 13 112 и по 16 часот.

Последни измени ( петок, 03 април 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive