250 илјади вработени можат да добијат по 14.500 денари PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 02 април 2020
oliversp1.jpgВладата очекува 250.000 граѓани да аплицираат за мерката за субвенционирање на платите за месеците април и мај поради кризата со коронавирусот. Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека на денешната владина седница биле донесени Уредби за субвенционирање на платите за вработени лица, за занаетчии и за субвенционирање на 50 отсто од придонесите, со што стапуваат на сила мерките од вториот економски пакет на Владата.

„Со оваа мерка државата ги спасува работните места на граѓаните. Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за мерката субвенционирање на минимална плата. Ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места или 35.000 компании. Сумата која ќе добие секој работник е 29.000 денари за двата месеци. Работодавачот треба да достави барање до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и обрасците за аплицирање. Аплицирањето треба да се изврши преку системот Е-даноци до 5-ти во месецот за претходниот месец. УЈП во рок три дена треба да одговори на барањето на работоавачот. Исплатата пак на средствата од страна на државата ќе се врши до 13-ти во месецот за претходниот месец“, рече премиерот Спасовски.

Тој кажа дека работодавачите кои ќе ја искористат оваа помош од државата не треба да отпуштаат вработени во наредните 4 месеци  односно заклучно со септември треба да ги задржат сите работни места.

Како алтернативна мерка за фирмите е субвенционирање на 50 отсто од придонесите на вработените. Придонесите не треба да бидат повисоки од оние кои се плаќаат за просечната плата во земјава. Според проценките на Владата оваа економска мерка ќе чини околу 560 милиони денари.

„Фирмите не можат да аплицираат за двете мерки односно можат да побараат или минимална плата или субвенционирање на 50 отсто од придонесите“, рече Спасовски.

Исто така донесена е Уредба за субвенционирање на занаетчии и физички лица кои вршат самостојна дејност, со 14.500 денари месечно.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive