На Инфективната клиника излекувани петмина пацинети PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 01 април 2020
izlekuvani1q.jpgОд Инфективната клиника во Скопје се испишани петмина пациенти кои на двата контролни тестови се негативни  и се пуштени на домашно лекување, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Од 28-те пациенти кои се на домашно лекување во Дебар, на 11 од денес во следните денови ќе им се земат контролни брисеви, затоа што, вели тој, поминати се доволен број на денови, и согласно нивната добра состојба се очекува да бидат негативизирани.

На Инфективната клиника во моментов има 59 пациенти, 12 се со потешка клиничка слика, од кои петмина се на механичка вентилација. Вкупната бројка на регистрирани заболени пациенти е 354, од кои  17 се излекувани, а 11 се починати.

„Завршен е увидот во болницата во Охрид, по случајот со пациентката од Лабуништа која не беше хоспитализирана и која почина од КОВИД-19. Изречени се казни на поранешната директорка, на доктори специјалисти од одделот за инфектологија, како и за самата институција. Во следните денови ќе има стручен увид од Лекарската комора, и ќе заседава Етичката комисија на Комората“, додаде тој.

Во Штип, на 26 март за првпат е примена 80-годишна жена, која имала негативен тест. Тогаш е пратена на консултација и назад вратена од Инфективната клиника од Скопје. Таа се лекувала на одделението за инфективни болести во Штип, но има влошување на состојбата и на 30 март е повторно упатена на Инефктивната клиника. Тестот е позитивен и заради внимание, во самоизаолација се ставени 4 медицински лица од Штип.

„Имаме случај на позитивна медицинска сестра од Куманово, која работела на Клиниката за пулмологија. Таа вчера почувствувала зголемена телесна темература и откако ѝ бил направен тест, констатирано е дека таа е позитивна. Таа минатата недела била во резервниот тим на Клиниката и немала никакви симптоми. Додека била на работа 2 дена, била со целосна заштитна опрема, маска и ракавици“, кажа министерот. Се прават интервјуа со колегите од оваа клиника, и ќе се постапи согласно податоците.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive