Ниту еден лек досега не покажа ефикасност за Ковид-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 01 април 2020
koronav1b.jpgИзминатите неколку недели и месеци, Европската агенција за лекови (ЕМА) имаше соработка со многу производители на лекови и многу истражувања се во тек, но, во овој момент, врз основа на прелиминарните податоци до кои дојде ЕМА, ниту еден лек засега не покажа ефикасност во третирање на КОВИД-19, се вели во најновото соопштение на агенцијата на Европска унија.

Тимот на ЕМА задолжен за КОВИД-19 е во контакт со производители на околу 40 лекови, и меѓу потенцијалните третмани за КОВИД-10 кои што се во клиничко тестирање да се процени нивната безбедност и ефикасност против болеста се:

  • ремдесвир (во фаза на истражување)
  • хлорокин и хидрохлорокин (одобрен на национално ниво како лек за маларија и извесни автоимуни болести како ревматски артритис)
  • лопинавир/ритонавир (одобрен како лек за ХИВ)
  • системски интерферони, посебно интерферон бета (одобрен за лечење болести како мултипла склероза)
  • моноклонски антитела со активност против компоненти на имуниот систем

ЕМА го поздравува големиот број на клинички тестирања бидејќи тие се неопходни да се дојде до робусни податоци потребни да се соберат докази кои лекови навистина се успешни и потоа да им се даде соодветен совет на медицинските лица и пациентите.

ЕМА, исто така, имаше дискусии со производители на неколку потенцијални вакцини за КОВИД-19. Како што велат од ЕМА, две вакцини веќе се влезени во првата фаза од клиничко тестирање, каде што се тестираат здрави волонтери.

Генерално, тешко е да се предвиди временска рамка за производство на медицински производи и врз основа на достапните информации и претходните искуства, ЕМА предвидува дека можеби ќе биде потребно најмалку една година пред вакцина за КОВИД-19 да биде одобрена и на располагање во доволни количества за широка употреба.

Последни измени ( среда, 01 април 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive