Четири лица не ја почитувале забраната за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 31 март 2020
svrohrid2q.jpgИзминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 30.03. до 07.00 часот на 31.03.2020 година, 4 лица (Охрид-1, Струга-2 Дебар-1) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир  и не се регистрирани сообраќајни незгоди. На 31.03.2020 година, околу 01.00 часот, во СВР Охрид приведени се С.Б.(18) од охридската населба Рача и А.Ш. со привремен престој во Охрид, кои се фатени при обид за тешка кражба во стовариште во истата населба. Против нив, ќе биде поднесена кривична пријава. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, евидентирани се 8 нови лица со решение за изолација и извршени се 88 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-49, Струга-5, Кичево-5, Дебар-29). Истовремено, евидентирани се 15  нови лица во самоизолација (сите од Дебар) и спроведени се 371 контроли врз лицата во самоизолација(Охрид-113, Струга-139, Кичево-24 и Дебар-95). Во Охрид, регистрирани се два случаи на непочитување на мерките за карантин. Полициските службеници извршија 118 контроли на угостителски објекти.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамки на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Се' повеќе прекршители на забраната за...
stefd1.jpgВо текот на изминатото деноноќие (25/26..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, седумнаесет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-10, Струга-7).
Читај повеќе...
 
Осум лица не ја почитувале забраната за...
stefd1.jpgВо текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-1, Кичево-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани  нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1)  и 36  контроли на угостителски и други  објекти.
Читај повеќе...
 
Во Студенчишта нема веќе место за закотвување на...
studenciski1qa.jpgОсумдесет сопственици на глисери и јахти се пријавиле во ЈП „Билјанини извори” за да обезбедат место за закотвување на своите пловила во каналот Студенчишта во Охрид. Оттаму велат дека за летово нема веќе слободни везови,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
Во Охрид уште двајца новозаразени од КОВИД-19
korona3q.jpgВо изминатите 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус, објави Министерството за здравство. Новозаболените лица се од  Скопје 12,  Куманово 8,  Штип 2, Прилеп 2, Тетово 7, Струга 4 и двајца во Охрид. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на КОВИД-19.
Читај повеќе...
 
23 километри мрежи одземени од рибокрадци на...

mre444.jpgЗа нецели пет месеци полицијата и Државнот инспекторат за земјоделие од фатени рибокрадци на охридско-струшкиот брег одзеле 122 килограми разновидна риба и 220 рибарски мрежи во должина од 23 километри.

 

Читај повеќе...
 
Честитки од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на...

nadenot1q.jpg-Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.Со своето дело тие им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.

Читај повеќе...
 
Честитка од Георгиески по повод светите Кирил и Методи
kostacest1q.jpgПо повод 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Константин Георгиески, упати празнична честитка.
Читај повеќе...
 
Честитка од градоначалникот Георгиевски по повод Дено
kostacestitka1.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.
Читај повеќе...
 
Скопјани се карале на улица,едниот...
svrohrid2q.jpgНа 22.05.2020 година околу 02 часот и 30 минуи, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање помеѓу А.Т.(21) и С.М.(17), двајцата од Скопје. Притоа, С.М. со удар со рака скршил стакло од влезна врата на зграда лоцирана на истата улица. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
 
Лазаревска и Таневски поделија 1000 заштитни маски

lazedelim1.jpgПод мотото: „Првата битка ја добивме“, но  борбата не е завршена“,  денес кандидатите за пратеници на СДСМ од ОО во Охрид,  актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски во соработка со Клубот на СДММ Охрид  ја спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид -19.

Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive