Италијанец на својот балкон истрчал 100 километри PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 30 март 2020
istrcal1q.jpgЖивот во изолација особено тешко им паѓа на оние кои навикнале да трчаат. Сепак, тоа не спречи италијански маратонец да трча цел ден и притоа да не излезе од дома.

Џанлука ди Мео, 45-годишен тркач од Болоња, одлучил на балконот на својата куќа во Падова да истрча дистанца рамна на маратон. По седум часови трчање и свртени 6.000 кругови, тој ја поминал „целната линија“, но не застанал тука.

Ди Мео, кој пред три години победил на трка на 150 километри во финскиот град Рованиеми, на крајот ја исполнил и својата втора цел – да истрча 100 километри на 8,8 метри долгиот балкон. Тој го комплетирал подвигот истата вечер во 22 часот, по речиси 18 часови трчање.

„Ова за мене не е балкон. Му приоѓам со истиот дух како на сите авантури во природа. Без разлика на ситуацијата, секогаш треба да се има срце“, изјави Ди Мео за весникот „Кориере дело спорт“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive