Македонското знаме се развијори во НАТО,Брисел PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 30 март 2020
razvi1w.jpgДенес го прославуваме најголемиот успех на Македонија од нејзиното осамостојување и независност, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски откако членовите на неговата Влада стоечки и со аплауз на седница го гледаа искачувањето на нашето знаме пред НАТО-алијансата, преку директниот пренос на телевизиски монитори.

Денеска во 15 часот со интонирање првин на нашата, а потоа и на химната на Алијансата, знамето на Република Северна Македонија се развеа во Брисел до знамињата на земјите членки во најмоќниот воен сојуз во светот. Претходно добредојде на Македонија ѝ посака генералниот секретар Јенс Столтенберг. На оддалеченост од него, на малата церемонија беше нашиот претставник во НАТО Зоран Петров.

„Патот беше долг и тежок, а наградата ја заслуживме. Да се запише дека денеска е ден за паметење, ден – историја“, рече Спасовски.

Кажа дека со големите одлуки станавме подобра држава и подобро општество, дека во последните три години ги направивме клучните реформи, кои нè турнаа напред. Им се заблагодари на сите претходни заслужни лидери за евроатлансткиот процес, на претходниот премиер Зоран Заев особено за неговото неуморно залагање и храбри одлуки, како што рече.

„Ние ќе го победиме вирусот и ќе се посветиме максимално на другата стратешка цел, преговорите за членство во ЕУ“, рече Спасовски.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive