ВМРО-ДПМНЕ бара запирање на трошење на пари... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 30 март 2020
zgrada12q.jpg-Во услови кога се соочуваме со справување со заканата од ширење на пандемијата со КОВИД-19, заради која имаме и вонредна состојба во државата, ние од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, како одговорна опозиција на локално ниво предлагаме носење на итни антикризни мерки на ниво на нашата општина. Имено, со оглед дека Охрид  заради структурата на своето стопанство и огромниот број граѓани кои живеат од туризмот и угостителството, а кои се едни од најпогодените стопански гранки, ќе биде една од најпогодените општини, мораме да ги антиципираме покрај здравствените и тешките економски последци со кои веќе се соочуваат, а допрва уште подраматично ќе бидат погодени огромен број наши граѓани,се наведува на почетокот од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ  во Охрид.
-Без никаква намера за занимавање со дневна политика, за која без сомение не е време, не смееме да стоиме настрана како неми набљудувачи на пасивниот и индолентен однос на градските власти. За очекување е дека приходите во буџетот на општината ќе бидат значајно редуцирани и за точните бројки ќе знаеме дури подоцна, но расходните ставки мораат да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и нашите сограѓани во социјален ризик чиј број секако ќе расте.  Во таа насока предлагаме веднаш на седница на Совет на општината да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени кои во еден ваков момент немаат никакво оправдување: патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Не е време ниту за патување, ниту за репрезентации, ниту пак за времени вработувања, во услови кога и оние, прекубројни редовно вработени, заради вонредните околности, оправдано во најголем број не се на своите работни места.

Преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесуваме следните предлози, а Градоначалникот заедно со службите да ги разгледа истите и во најкус можен рок да закаже седница на Совет и да се донесат следните заклучоци: 

Се задолжува Градоначалникот на Охрид да сопре со трошење на средствата од ставките:

- Привремени вработувања - 17.800.000 денари;

- Други тековни расходи (расходи за репрезентации, семинари, конференции...) - 17.029.000 денари;

- Купување на возила - 5.500.000 денари;

- Патни и дневни расходи - 2.365.000 денари;

Горенаведените средства чиј вкупен износ е 42.694.000 денари да бидат наменети за помош на најпогодените граѓани и стопански субјекти во градот, веднаш по ребалансот кој треба да следи.

Со почит,                   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive