Угостителите бараат државата да ги субвенционира плат PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 26 март 2020
restoran23a.jpgДржавата да ја субвенционира минималната плата на вработените во кафулињата и рестораните, додека траат превентивните мерки за КОВИД-19 , бараат од Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши”.

Од Здружението велат дека откако Владата ја донесе мерката за затворање на угостителските објекти, не можат да обезбедат приходи од основната дејност за да ги подмират трошоците кон државата, вработените, кириите и режиските трошоци.

„Оваа индустрија учествува со десетици илјади вработени во пазарот на труд. Не бараме пари, бараме мораториум на нашите обврски и разбирање за новонастаната ситуација. Покрај субвенционирање на минимална плата бараме одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци и замрзнување на обврски по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата“, велат од Здружението „Хорекаши“.

Од таму бараат времена промена на регулативите на НБРМ за зголемување на рамковни кредити, револвинг и други дозволени пречекорувања, како и отворање на кредитни линии со субвенционирана камата. Да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните 3-5 месеци, одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, како и да не се исклучуваат објектите поради неплаќање вода, струја и други основни услуги. Како мерки предлагаат да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите, да бидат ослободени од трошоци за ЗАМП и од надоместок за користење на терасите на угостителските локали.

Членки на Здружението најавија дека ќе ги донираат залихите од храна и пијалоци за здравствениот систем и институциите.

Владата на 14 март донесе одлука целосно да бидат затворени кафулињата и рестораните за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive