Откриен фосил на најстарата птица на светот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 24 март 2020
fosilp1.jpgНаучниците објавија дека откриле фосил на најстарата позната модерна птица на светот – минијатурно суштество двојно помало од дива патка.

Наречена „чудесно пиле“, остатоците се пронајдени во карпи чија старост е проценета на 66,8-66,7 милиони години, откривајќи дека птицата била активна непосредно пред ударот на астероид да ги збрише диносаурусите, што се случило пред 66 милиони години.

„Ова е најстариот доказ на модерни птици досега пронајден“, изјави палеонтологот Даниел Филд од Универзитетот Кембриџ.

Модерните птици еволуирале од месојадни тероподни диносауруси. Нејасно е кога точно се појавиле, но се проценува дека тоа било во периодот пред 110 до 85-70 милиони години.

„Овој фосил е најблиску до предците на две големи групи на денешни птици: една од која произлегле кокошки и нивни сродници и другата од која произлегле патки и нивни сродници“, вели Филд.

Најстарата птица досега беше вегавис, чии 66,5 милиони години стари остатоци се пронајдени на Антарктик.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive