Министрите за надворешни одобрија почеток на прегово PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 24 март 2020
konecno1.jpgМинистрите за надворешни работи на ЕУ денеска ги усвоија заклучоците финализирани на амбасадорско ниво со кои се одобрува почнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Поради пандемијата на коронавирусот, министрите не дојдоа во Брисел, туку се состанаа преку видеоконференција,пишува најчитаниот македоснки сајт Сакам да кажам.

„Добра вест во овие тмурни времиња: конечно зелено светло за отворање на преговорите со нашите пријатели од Северна Македонија и Албанија. Вин-вин за Западен Балкан. Честитки за Тирана и Скопје, сосем заслужено“, твитна германскиот државен министер за Европа Михаил Рот.

Eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји твитна:„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји“, напиша Вархеји, додавајќи дека тоа, според него, е гласна и јасна порака до Западен Балкан.

„Во светло на напредокот постигнат во реформите и исполнувањето на условите поставени од Советот во јуни 2018 година, со усвојување на препораките на Европскиот совет, Советот одлучи да отвори преговори со Северна Македонија. Првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо, откако Советот ќе ја усвои преговарачката рамка. Советот ја повикува Комисијата да продолжи да го мониторира напредокот и услогласувањето во сите области од условите идентификувани од Советот во јуни 2018 година“, се вели во заклучоците што ги министрите за надворешни работи во Советот на Европа, чиј нацрт го пренесе претходно агенцијата Ројтерс и македонската државна агенција МИА.

Откако се усвои одлуката, се отвора писмена процедура за нејзино формално одобрување од сите земји-членки, со што одлуката стапува на сила. Овој процес може да трае најдоцна до 26, односно 27 март, кога се одржува и самитот на Европскиот совет на лидерите на земјите од ЕУ, кои пак ќе дадат и политичка согласност. Самитот ќе се одржи исто со видео-конференција поради коронавирусот.

Меѓувладината конференција го означува формалното отворање на поглавјата, а претходно Европската комисија треба да изготви преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од земјите членки. Со оглед на неизвесноста поради коронавирусот, датуми засега нема. Северна Македонија исто така ќе треба да ја подготви својата преговарачка позиција пред стартот на овој процес.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive