Уште12 нови заболени од коронавирус PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 24 март 2020
koronam1q.jpgДванаесет нови заболени лица со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат,  Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

„Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот Мој термин тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање. Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на Мој термин. Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите“, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive