Кабелските оператори ги исклучуваат сите канали освен PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 27 февруари 2020
kabelski1w.jpgОд 2 март на полноќ кабелските оператори ќе ги исклучат сите домашни и странски ТВ канали, освен МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал и додека трае прекинот нема да наплатуваат услуги, соопшти Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

„Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните“, стои во соопштението.

Заканата за исклучување на сите ТВ канали доаѓа по последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Операторите велат дека законските измени им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Петте национални телевизии (Алсат, Алфа, Канал 5, Сител, Телма) ги обвинија кабелските оператори дека нивната најава за прекин на реемитување на сите домашни и странски телевизии е незаконски чин и дека шират лажни вести.

На 21.02.2020 година повеќе оператори поднесоа заедничка Иницијатива до Уставниот суд за поништување на спорните одредби како неуставни и побараа донесување на времена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени, поради нивна неуставност.

Здружението тврди дека споменатите законски измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

„Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да наплатуваат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот“, стои во соопштението на операторите.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive