Советот донесе мерки за заштита на населението од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 27 февруари 2020
sovetmerki1q.jpgСоветниците на триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид  го усвоија  записникот од 38-та Седница со 15-те точки на дневен ред кој беше  надополнет  со  уште една точка што беше повлечена , а се однесуваше на Предлог одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма  бр. 07-73/8 од 31.01 2006 година.

Усвоени беа Предлог- програмата  за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и Предлог Одлуките  за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ и за  „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“  кои се  во рамки на програмата „INTEREG IPA“ програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Советниците  ги  изгласаа и Предлог – одлуките за прифаќање  донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во населба  Рача и за  пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на основните училишта  “Григор Прличев“ и „Христо Узунов“ .

Усвоени беа и предлог одлуките за пренесување на правото на користење  канцелариски мебел сопственост од општината   на Јавните претпријатија,  “Билјанини Извори”, „Градск пазар“ и  „Охридски Комуналец” како и на  СВР Охрид.Советниците ги изгласаа и Предлог – одлуките  за утврдување на висината на  надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба “ со статус на административни службеници за 2020 година.Седницата заврши со   усвојување на Предлог-  одлуките   за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Водовод“   и   за давање согласност на одлуката за  донесување на статутот  на ова јавно претпријатие.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive