Оперските пејачки побараа извунување в лице од Пласид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 26 февруари 2020
plasido1w.jpgЗборовите „жал ми е“ кои оперската ѕвезда Пласидо Доминго им ги упати на жените кои го обвинија за сексуално вознемирување, ја изненадија сопранистката Луз дел Алба Рубио, која ден по извинувањето им се придружи на колешките.

„Се почувствував како да го освоивме Голијат. Сега веќе не треба да се плашиме да проговориме“, вели оперската пејачка од Уругвај. „Претходно ги негираше обвинувањата. После стана жртва. Сега бара ослободување. Ако навистина го мисли тоа дека му е жал, ќе барам од него да ни се извини на нас, лице в лице. Има жени кои 20 години страдаат. Тој мора да побара прошка од нас“, изјави таа за АП.

Доминго се извини затоа „што им нанел болка“ на жените кои го обвинија за сексуално вознемирување. Шпанскиот тенор лани во август се повлече од функцијата генерален директор на Операта во Лос Анџелес, по обвинувањата на 20 жени за сексуално вознемирување и недолично однесување. Тој ги негира сите обвинувања.

„Го почитувам тоа што сите овие жени конечно се почувствуваа слободни да може да проговорат. Сакам да знаат дека ми е навистина жал за болката која сум им ја нанел. Преземам целосна одговорноста за сите мои постапки и многу научив од ова искуство“, стои во изјавата која ја објави „Лос Анџелес тајмс“.

Изјавата на Доминго следи откако беше објавено дека Американскиот синдикат на оперски пејачи кажа дека направиле истрага и оти Доминго „бил вклучен во непристојна активност, од флертување до сексуално вознемирување, во и надвор од работното место“.

 

Обвинувањата се однесуваат за период од 1980-те, а првично беа обајвени во август од АП. Оперските пејачки и една балерина го обвинија дека ги присилувал на сексуални односи, и дека понекогаш професионално ги казнувал ако го одбиеле.

„Изминативе месеци имав време да размислам за обвинувањата на повеќе колеги кон мене. Сега знам дека на некои жени им било тешко да се отворат, бидејќи биле загрижени за своите кариери. Иако тоа никогаш не ми беше цел, никој не треба така да се чувстува“, изјави Доминго.

По објавувањето на приказните на жените, сите оперски куќи во САД ги откажаа неговите настапи, но европските не. Кралската опера во Лондон најави дека Доминго летово ќе пее во операта „Дон Карло“ од 29 јуни до 19 јули.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive