Ванеса Брајант го тужи пилотот на хеликоптерот во... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 26 февруари 2020
vanesa1w.jpgВдовицата на Коби Брајант покрена тужба против сопственикот и операторот на хеликоптерот во чие уривање на 26 јануари загинаа кошаркарската легенда, нивната 13-годишна ќерка и уште седум лица.

Во тужбата, Ванеса Брајант вели дека пилотот бил невнимателен и несовесен што летал во облачни и магливи услови, додавајќи дека требало да го откаже летот.

Таа ја поднесе тужбата вчера, кога во Лос Анџелес се одржа јавна комеморација во чест на Коби Брајант.

Освен двете компании кои биле одговорни за хеликоптерот, Ванеса Брајант го тужи и претставникот или наследникот на пилотот Ара Зобајан, кој исто така загина во несреќата. Таа вели дека тој постапил несовесно на осум начини, вклучувајќи неможност да ги процени временските прилики, летање во услови за какви што немал дозвола и неможност да го контролира хеликоптерот.

„Ова е доста чудно, не знам каква ќе биде стратегијата“, изјави адвокатот Роберт Хаџек.

Зобајан, кој редовно го возел Брајант, се обидел да лета при намалена видливост, во услови кога и полицијата на Лос Анџелес ги имала приземјено сите свои хеликоптери.

Последни измени ( среда, 26 февруари 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive