Кина користи дронови во борба со коронавирусот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 23 февруари 2020
koristi1q.jpgКина користи дронови и роботи за дезинфекција на болници, транспорт на храна и за одржување на карантин како една од мерките во борбата против коронавирусот.

Кинеските државни медиуми пренесуваат дека уредите се користат за да се намали можноста од заразување преку директен контакт меѓу луѓето. Во руралните области, луѓето преку звучници од дронови се предупредуваат да не излегуваат надвор.

 

Околу 780 милиони луѓе во Кина се наоѓаат во своевиден карантин, а Вухан, градот од каде што почна да се шири смртоносниот вирус, со недели е отсечен од светот.

Медиумите пишуваат дека се користат и дронови со термални камери за да може од висина да се детектираат лицата со покачена телесна температура.

Според последните информации, од КОВИД-19 досега починале 2.345 луѓе, а речиси 78.000 се заразени.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive