Карневалот во Венеција ќе заврши порано поради... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 23 февруари 2020
karnevalv1.jpgИталијанските власти предвреме ќе го затворат прославениот карневал во Венеција среде најголемото ширење на коронавирусот во Европа. Тој ќе заврши вечерва, два дена порано од планираното.

Италија има најголема бројка заразени со коронавирусот во Европа, 152, при што три лица починаа. Притоа се применети строги мерки на карантин во десетина градови во северните региони Ломбардија и Венето, што опфати околу 50.000 луѓе. Во нив никој нема да смее да влезе или излезе без посебна дозвола во наредните 14 дена. Дури и надвор од таа зона се затворени голем број училишта и јавни објекти и се откажани спортски настани, што опфати и неколку натпревари од италијанското фудбалско првенство.

Властите најавија дека полицијата и војската ќе бидат на улица за да се обезбеди почитувањето на вонредните мерки во овие градови.

Анџело Борели, шефот на италијанската Цивилна заштита, кажа дека во Ломбардија има 110 заразени, во Венето 21, а неколку случаи има и во три други региони. Потврдена е смрт на уште една возрасна жена во градот Крема, која притоа боледувала од рак, што е трета жртва на вирусот во Италија во последните два дена.

Карневалот во Венеција требаше да заврши во вторник, но претседателот на регионот Венето, Лука Ѕаја, кажа дека сите активности ќе бидат запрени вечерва, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Во Милано се затворени универзитетот и други училишта.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive