Три деца загинаа а шест лица се повредени од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 23 февруари 2020
policija11.jpgТри деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце. Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.

Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.
Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.

Последни измени ( недела, 23 февруари 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive