Трибина посветена на ретките болести PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 22 февруари 2020

griza1we.jpgВо рамките на одбележувањето на 29 февруари – Денот на ретките болести во организација на Форумот на жени на СДСМ од Охрид и Струга синоќа во Охрид се одржа  трибината „Ги запознаваме ретките болести 2020“ на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Ова е доказ дека СДСМ има разбирање за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. Заеднички разговараме, даваме поддршка со цел да ја подигнеме јавната свест за поголема и инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество. Тие ја заслужуваат нашата подадена рака за нивна подобра иднина.

 Синоќешната трибина  е само еден мал чекор за актуелизирање на овие теми и позитивен пример дека заедно може да ги менуваме и подобруваме работите. Говорејќи пред присутните министерот за здравство Венко Филипче рече:

griza2we.jpg

-Вечерва имавме одлична трибина со Форумот на жени на СДСМ Охрид и Струга и активистката на Здружението „Живот со предизвици“, Гордана Лолеска, на која дискутиравме за ретките болести. Воведовме 6 нови лекови за пациентите за ретки болести. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена. Во 2017 година тој изнесувал 214, а за оваа година изнесува 527 милиони денари. За првпат воведовме електронски регистар за пациентите за ретки болести, во кој се содржат сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува, рече министерот Филипче.

Трибината "Ги запознаваме ретките болести" е мал чекор за актуелизирање на овие теми и позитивен пример дека заедно може да ги менуваме и подобруваме работите. Секој човек е важен, сите сме еднакви!

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive