Дрвото ќе биде задолжителен градежен материјал во... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 14 февруари 2020
zadol1q.jpgФранцуската влада најави донесување закон за одржливост кој ќе обезбеди сите нови јавни згради да се градат со најмалку 50% дрво или други природни материјали. Мерките ќе стапат на сила во 2022 година и ќе се однесуваат на сите згради чија изградба ќе ја финансира државата.

Дрвото и биолошките материјали, кои се направени од материја добиена од живи организми, оставаат значително помалку јаглеродни траги во околината од вообичаените градежни материјали, како бетон и челик.

Министерот за урбанизам и домување Жилиен Денорманди вели дека за овој закон бил инспириран од изградбата на објектите за Олимписките игри 2024 во Париз. Притоа, секоја зграда повисока од осум катови мора да биде изградена целосно од дрво.

„Дадовме вакви ветувања за Олимписките игри. Не гледам причина зошто тоа не би се применувало и во секојдневното градежништво“, вели Денорманди.

Француската влада исто така ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на 100 урбани фарми во градски предградија. Целта е тие да се направат позелени и да се овозможи одгледување локални производи.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive