Нов циклус од програмата за млади лидери PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 14 февруари 2020
novaprograma1q.jpgПо успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид започнува со нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.

 

Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.

 Во текот на петнаесет седмици, колку што ќе трае претстојниот циклус на реализација на Програмата, учесниците ќе посетат четиринаесет работилници одржани од одлично подготвени обучувачи и дизајнирани за јакнење на животни, работни и вештини за граѓанско лидерство; ќе присуствуваат на Панел за кариера за време на кој неколку успешни сограѓани ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања за својот кариерен пат и за образовните квалификации и вештините потребни за да се успее во нивните професии; ќе добијат можност да ги применат новостекнатите знаења самостојно разработувајќи и остварувајќи идеја за проект од корист за заедницата; ќе проследат презентацијаизработена однадворешни соработници за да дознаат повеќе за можностите за едукација, волонтирање и работа за младите луѓе од нашата држава.

Учеството во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е бесплатно.

Ги покануваме сите заинтересирани денес, 14.02.2020 во 19:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид да присуствуваат на презентација на програмата,соопштија од Црвен крст.

Во прилог е и линкот за пријавување за учество во програмата:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSea3_i1cNxycJ6mL0QabCne_JcLWEq4qJ_qIteThtxTLEsMkw/viewform?vc=0&c=0&w=1

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive