Најсмртоносен ден во Кина од појавата на коронавирусо PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 13 февруари 2020
najlosden1q.jpgВо кинеската провинција Хубеи вчера починале 242 луѓе од новиот коронавирус, што е најсмртоносниот ден од неговата појава. Регистрирани се и 14.840 новозаразени и ова е значително зголемување на бројките, откако само ден претходно се сметаше дека ситуацијата се стабилизира.

Хубеи почна да користи поширока дефиниција за дијагностицирање на нови случаи и се верува дека на ова се должи наглиот скок во бројките. Досега од коронавирусот починале 1.368 луѓе, а 60.000 се заразени.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е рано да се предвидува крај на ширењето на коронавирусот.

„Оваа епидемија може да тргне во која било насока“, кажа шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Во Шијан, град во централниот дел на Хубеи, властите воведоа мерки како во случај на војна, што значи дека само оние кои се активно вклучени во борбата против вирусот смеат да излезат од дома. Од денеска, сите згради во градот ќе бидат запечатени, а јавните области ќе бидат под 24-часовен надзор.

Голем број авиокомпании, како „Американ ерлајнс“, „Ер Франс“ и „Бритиш ервејс“, објавија дека ги суспендираат сите свои летови кон Кина, што ќе важи цел февруари и март.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive