Безбеден зимски авантуристички туризам PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 12 февруари 2020
partne1q.jpgДваесет и еден случај, изгубени или повредени жители или авантуристички туристи,  во последните две години успешно ги најде Планинската спасувачката служба на Црвен Крст од Охрид благодарение на системот за развој, опремување и едукација кои се дел од Програмата за меѓугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020.

„Ние, како Министерство во соработка со ЕУ преку ИПА II програмата за прекугранична соработка овозможуваме развој на локалната економија, конкретно со овој проект во Дебарца ќе има безбеден зимски авантуристички туризам се до Грамш. Ваквите проекти треба да ги охрабрат и останатите општини, здруженија и институции да се вклучат активно и да придонесат за развој на целокупното општество. Очекувам во иднина со почетокот на преговорите да се отворат и другите програми и да се прклучиме на ИПА III на ЕУ а со тоа ќе имаме успешни проекти“ истакна министерот на локална самоуправа Горан Милевски.

 Тој објасни дека преку новиот проект “Можности за безбеден зимски авантуристички туризам” е предвидено доопремување и креаирање на нови туристички производи кои ќе ја збогатат понудата на Дебарца и Грамш, ќе ги поврзат овие две рурални општини, низ Галичица и Преспа. Тие ќе имаат зимско означување поточно столбови офарбани со црвено-бела боја.

 „Горди сме на успешните проекти кои ги реализираме, отворивме современ спасителен опертивен центар на Планинската спасителна служба и воспоставивме систем за ефикасно делување. Идните туристи авантуристи ќе имаат можност три дена да планинарат во Албанија, а потоа и во Македонија, меѓугранично. Исто така сите жители кои гравитираат во 7 општини, Охрид, Ресен, Дебарца, Вевчани, Струга, Поградец и Грамш, Планиската служба може да одговори на сите предизвици во сите временски услови. Ние, во Дебарца во Село Брежани напуштеното училиште ќе го пренамениме во планинарски дом со 20 легла.“ изјави претседателот на Црвен Крст Охрид, Сашо Точков.

 

Првиот проект изнесуваше 415.000 евра кој успешно се реализираше од страна на Црвениот крст од Охрид, додека вториот насловен како Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам чини 692.000 евра. Главен финансиер е Европска Унија, додека 15% проценти од средствата издвојува Министерство за локална самоуправа.

„ЕУ преку фондовите и програмите секогаш се стреми во неразвиени земји да помага, така што овој денешен настан на границата треба да биде во насока дека двете држави треба да соработуваат и непречено да им овозможат на спасувачите да делуваат, но и на посетителителите“, рече Никола Бертолини, раководител на сектор за соработка во Делегација на ЕУ во Скопје.

На настанот на граничниот премин Охрид- Поградец што беше симболично организиран за да се истакне соработката помеѓу двете страни, Црвениот крст потпиша  меморандум за соработка со Национален координативен центар за гранично управување кој е во насока за олеснување на нивниот тим во спасувачки случаи на граничниот премин.

„Царинската управа согласно својата работа, освен за грижата на стоки, треба да се грижи за протокот и безбедноста на луѓето и животната средина. Ветувам дека ќе преземеме поедноставни процедури кои се потребни за премин на тимовите и целата опрема за извршување на нивните активности“ додаде директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
„Нивната хумана мисија, нивната дејност како спасувачки служби треба да можат во прав момент да делуваат и непречено да ги поминат границите. Веруваме во практика ќе се дадат резултати, меморандумот предвидува на сите гранични премини од двете страни службите беспрекорно да функционираат“ Пивоваров од  Национален координативен центар за гранично управување .

На крај од Црвениот крст додадоа дека во безбедноста не се трпат импровизации затоа и нивната посветеност на членовите е голема на професионално ниво се со цел да се развиваат нивните вештини и техники.

Партнери во проектот се Алпинистички клуб Патагонија, Општина Грамш, Општина Дебарца, а се очекува до крајот 2022 комплетно да се реализира.
Последни измени ( среда, 12 февруари 2020 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

"Брегот на младоста" организира голема младинска...
akcijasi1ed.jpg"Брегот на младоста" од Охрид од 16 до 24 август во Охрид организира голема младинска работна акција на која ќе земат учество над 150 акцијаши од Балканот
Читај повеќе...
 
Во Охрид централен настан за одбележување на денот...

plostadprav1q.jpgВо сабота 29.02.2020 со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид  ке се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести.

Читај повеќе...
 
Советот донесе мерки за заштита на населението од...
sovetmerki1q.jpgСоветниците на триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид  го усвоија  записникот од 38-та Седница со 15-те точки на дневен ред кој беше  надополнет  со  уште една точка што беше повлечена , а се однесуваше на Предлог одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма  бр. 07-73/8 од 31.01 2006 година.
Читај повеќе...
 
Нуркачи нурнаа во Белчишкото блато и открија...

belcisko1wa.jpgНуркачкиот центар “Акватек” од Охрид и Здружението за екологија и туризам 'Екотуризам-2016", Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото блато.

Читај повеќе...
 
Атмосверска канализација за "15 Корпус"
novaka1q.jpgВо тек се интезивни градежни активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица.
Читај повеќе...
 
Конкурс за пријавување за бесплатни курсеви за...
kod5t.jpgСогласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2020 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за готвачи,заварувачи,сметководители и германски јазик
Читај повеќе...
 
Тепачка пред угостителски објект во Враништа
tepacka1w.jpgНа 23.02.2020 година околу 23 часот, пред угостителски објект во струшкото село Враништа, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.Р. и Т.Р. врз Н.Д.(22), сите од истото село. ОВР Струга против напаѓачите ќе поднесе соодветна пријава.
 
Охриѓанец и Белгијанец вадеа гуми од Езерото

Охриѓанizvadenig1.jpgец и Белгијанец  денес од дното на Охридското езеро извадија стари летни гуми кои некој ги фрлил во близина на брегот.

Читај повеќе...
 
Почина Томислав Кичеец,доајен на нашата адвокатура
tomislav1ee.jpgВо Охрид вчера почина Томислав Кичеец,доајен на охридската и македонската адвокатура.Кичеец е роден во 1932 година,а Правениот факултет го завршил во Белград.
Читај повеќе...
 
Пожар во фабрика за сокови во Охрид
pozarnap1.jpgНа 23.02.2020 година во 01.55 часот, во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, се појавил пожар. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба. Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета.
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive