Недела неработен ден за сите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 26 јануари 2020
caroska2q.jpgВладата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат по час. Токму работењето прекувремени саати, работа на празници и во недела, се забелешките кои работниците ги изнесувале како проблеми со кои се соочуваат на средбите со претставници од Министерството за труд и социјална политика. Ваквите барања доаѓаат од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Во Министерството за труд и социјална политика се размислува да се донесе ново законско решение со кое ќе бидат решени овие прашања. Токму тоа вчера го навести вицепремиерката за економски прашања, а поранешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, на дебата на СДСМ во Штип.

„Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на коишто треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите“, рече Царовска.

Истражувањето на здружението на граѓани „Гласен текстилец“ во кое биле опфатени 870 испитаници, покажува дека 70 отсто од нив работат прекувремено, 59,3 отсто работат над 50 часа неделно, а само 11,3 отсто се изјасниле дека не работат на празници и за викенд.

„Вработените во текстилните фабрики, трговските центри, во супермаркети, градежните работници имаат право на одмор еден ден во неделата. Сега тоа не е случај, недела е работен ден за голем број граѓани. Владата мора да донесе политичка одлука, како што направи со зголемување на минималната плата и во Законот за работни односи недела да биде неработен ден и да се најде систем како работниците да се плаќаат по час. Кога веќе се стремиме да станеме членка на Европската унија, треба да носиме и европски закони во кои работниците ќе имаат повеќе права“, вели Кристина Ампева активистка во здружението „Гласен текстилец“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive