Раскината концесијата за риболов на Охридското езеро PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 јануари 2020
kocesija1q.jpgВладата на Република Северна Македонија донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денес во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите, граѓаните и рибарите, МЗШВ во декември минатата година, веднаш побара од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за храна и ветеринарство да направат вонредни инспекциски контроли. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ посочи дека веднаш се постапило и спровеле сите контролите на терен, со цел да се утврди дали концесионерот го почитува Договорот за концесија.
 
Димковски потенцираше дека во записникот од ДИЗ е констатирано дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско езеро, што е спротивно на Договорот за концесија.
.
Откако ќе заврши постапката за раскинување на концесијата, МЗШВ ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за Охридското езеро.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive