Вицепремиерката Цароска во посета на ОЕМУЦ ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 јануари 2020
caroska1q.jpgВицепремиерката за економски прашања во Република Северна Македонија, Мила Царовска, денес беше во работна посета на Охрид во рамки на која во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се запозна со условите за спроведување на дуалното образование во овој образовен центар.

Во придружба на заменик градоначалникот на Охрид Ристо Николески, директорот на училиштето Сашо Недески, претставници од Дирекцијата на германското стопанство, фирмите „ОДВ Еелектрик“, „Костал“  и „ЛТХ –Лераница“,  вицепремиерката Царовска направи увид на кабинетите во кои се реализира практична настава. Таа беше информирана дека учениците кои следат настава според програмите за дуално образование за тхничар за мехатроника веќе изведуваат феријална пракса во трите компании, „Костал“, „ЛТХ – Леарница“ и „ОДВ – Електрик“.  Феријалната пракса се изведува за време на летниот распуст на учениците и трае 2-3 седмици.  Редовната практична настава во истите компании во текот на учебната година се спроведува во втора, трета и четврта година. Заеднички беше заклучено дека мора да постои поголема синергија помеѓу образовните институции и фирмите- обучувачи на ученици како и да има повеќе практични часови на сметка на теоретските, односно да се приближуваме кон германскиот дуален образовен систем со цел да имаме поквалификувана работна сила.

Системот на дуално образование е еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите, а е координирано од Делегацијата на  германското стопанство во Македонија. Дуалното образование е единствен образовен систем кој ги комбинира содржините кои се предаваат на училиште со практична обука во компанијата.  Со тоа на компаниите ќе се им се овозможи да вработат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците ќе имаат можност да бидат обучувани од сертифицирани  ментори од компаниите во простории за обуки каде се симулираат вистински работни околности . На овој начин младите ќе се здобијат со практични знаења, работно искуство и на крајот со завршување на програмата, ќе се стекнат со диплома за завршено средно стручно образование и сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive