Сакеларопулу прва жена претседател на Грција PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 јануари 2020
prvaze1.jpgГрчкиот парламент денес ја избра Катерина Сакеларопулу за нов претседател на државата, која со тоа стана прва жена на оваа функција. Ова е главно церемонијална улога во Грција и носи ограничена политичка моќ.

Шеесет и тригодишната судијка доби поддршка од 261 од можни 300 пратеници, а освен владејачката Нова демократија, за неа гласаше и опозициската партија Сириза на бившиот премиер Ципрас.

Петгодишниот мандат на Сакеларопулу почнува на 13 март, кога ќе го замени актуелниот претседател Прокопис Павлопулос.

Сакеларопулу, која е родена во Солун, досега беше претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција.

„Сакеларопулу е симбол на единството на грчкиот народ. Ова покажува дека Грците можат да постигнат консензус за важни прашања“, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис, кој ја изненади јавноста кога ја предложи Сакеларопулу за нов претседател.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive