Бреинобреин почна со нови уписи на деца PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 јануари 2020
flacr.jpgЦентарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма  преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување  на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 01.02.2020 г. (сабота) од 15-17 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој оваа програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на шесте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб-Хрватска, Белград-Србија и во Дубаи-Обединети Арапски Емирати,сооппштија од Црвен крст.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive